ВИДЕО: Силен земјотрес во Чиле, се се тресе!

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Чиле, со епицентар во близина на пристанишниот град Хуаско.

Спутник мундо објави дека локалните власти не издале предупредување за цунами по земјотресот.

– Земјотрес со јачина од 6,6 степени (RIhter) е регистриран југозападно од Хуаско (централно-северниот дел на Чиле), на длабочина од 38 километри – соопшти Националниот сеизмолошки центар на Универзитетот во Чиле.

Кинеската агенција Ксинхуа го извести Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) дека овој земјотрес бил со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното