ВИДЕО Силна бура во Шпанија – Црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилните дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, оставајќи десетици луѓе заробени во своите возила, објавија локалните власти .

Драматични снимки кружат на социјалните мрежи на кои се гледа како порои од каллива вода ги пустошат градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, однесувајќи сè на својот пат. Поради лошите временски услови, шпанската национална метеоролошка агенција AEMET прогласи црвена, највисоко ниво на тревога за крајбрежната покраина. За среќа, досега нема извештаи за жртви или повредени.

Во последните денови, обилни дождови и поплави погодија и неколку други региони во југоисточна Шпанија, вклучувајќи ги и Балеарските Острови. Причина за ова екстремно време е бурата Алис, која се формираше во западниот Медитеран.