ВИДЕО: Симе од Загорани ќе продава донации за да плати сметки за струја

Пред еден месец 54 годишниот Симе Ризески од прилепското село Загорани со позајмени пари му купи торта на својот син за неговиот роденден и побара помош од државата и хуманите луѓе. До денес добиле само два велосипеди и донации во храна. Но, сега тие останаа без електрична енергија. Од ЕВН ги исклучиле за долг од околу 16.000 денари. Тој е крајно разочаран од животот.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1303359883127546/

Ризески живее сам со својот син, бидејќи неговата сопруга починала. Нивната трошна куќа нема никакви услови за живот. Кога врне, дождовните капки капат на креветите каде што спијат, а немаат пари ниту да ги санираат искршените прозорци. Живеат со 7.000 денари месечно, пари кои ги заработуваат од продажбата на млеко од трите крави кои ги имаат.

Од центарот за социјална работа во Прилеп пред еден месец рекоа дека се запознаени со случајот, но законските регулативи не дозволувале никаква помош, бидејќи семејството остварувало приходи од продажбата на млекото. Ризески сега повторно со апел до државата.

Доколку не добие помош со солзи во очите Симе вели дека ќе биде принуден да ја продаде донацијата за својот син.

 Но од ЕВН велат дека Ризески може да ги искористи поволностите кои ги нуди оваа компанија, како што е плаќањето на рати, кои важат за сите корисници кои имаат проблеми со навременото плаќање на сметките за електрична енергија. Се што треба да стори е да се обрати до најблискиот центар за корисници на ЕВН.

Неговиот син Александар е одличен и скромен ученик. Вели дека условите за учење се тешки, а кога вака ќе останат без струја учи на свеќа. Го прашавме и како ја замислува неговата куќа од соништата.

Семејството Ризески се надева дека надлежните ќе го слушнат нивниот апел и дека ќе му помогнат да имаат пристојни услови за живот.

ЈОВИЦА ПАУНОСКИ | ТВ 21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното