Раперот Десингерика повторно е во центарот на скандал поради своето однесување на настап.
По низата огорчени наслови и коментари предизвикани од неговото однесување, раперот Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица, повторно е во центарот на скандал.
Само неколку дена по видеото од настапот на кое со патика удира девојка од публиката, српскиот рапер повторно е мета на коментари и критики за своето однесување. Овој пат Десингерица ги соблече чорапите, ги фрли кон публиката, а потоа се качи на оградата и си ги изми нозете со пиво.
Видеото од настапот стана вирално на сите социјални мрежи, а коментарите немаат крај. „Зошто некој не го забрани ова?!“, „Не ми се верува што гледам“, „Некој платил за ова“, „Грозно“, „Каде одиме…“, се само дел од нив.
Да потсетиме дека и претходната изведба предизвика лавина реакции. Раперите, попознати по прекарите Десингерица и Пљугица, неодамна одржаа настап на крајбрежјето, што многумина ги налути. Тие се качија на шанкот каде за време на настапот симулираа врски, покажаа среден прст.