Од утрово снежни врнежи се бележат на Водно и планинскиот премин Стража.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ) за денеска најави претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места врнежи од дожд и снег, додека на планините ќе има интензивни снежни врнежи.
Времето ќе биде ветровито, а на некои места ќе дува ветер со брзина над 70 километри на час.
Според УХРМ, облачното, студено и ветровито време ќе продолжи и утре, а на некои места се очекува да провејува слаб снег.
После претходниот пролетен и сончев ден, денеска делови од земјата се зафатени со снег и студено време.
Врнежи од снег има и во регионот. Српските медиуми јавуваат дека западниот дел на земјата, како и главниот град Белград, се зафатени со снег.