Првите врнежи снег за оваа есен го парализираа функционирањето на надземниот транспорт во Њујорк. Влажниот снег и и силните налети на ветар кршеа гранки од дрва кои го отежнаа сообраќајот, јавија локалните медиуми. Полицијата им препорача на луѓето да не излегуваат и да ги избегнуваат патиштата. Поради лошото време, автобусите тешко стигнувале до централната автобуска станица на Мехнетн, што предизвикало голема гужва на станицата. Доцнеле и вонградските возови, а на мостот Џорџ Вашингтон дошло до верижен судар во кој учествувале неколку автомобили.
СЛЕДЕТЕ НЕ: