ВИДЕО Снимен моментот на експлозија во трговски центар во Тајван!

Најмалку пет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во централниот тајвански град Таичунг, соопшти пожарникарската служба.

Експлозијата се случила на 12 кат од зградата каде што се одвивале градежните работи, соопштија пожарникарите. Ресторанот на 12-ти кат во тоа време бил затворен поради изградба, се додава. Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те преку објава на Фејсбук повика на брза истрага за причините за експлозијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното