Свет

ВИДЕО Снимен моментот на експлозијата: Погодени најмоќните бродови на Путин

ВИДЕО Снимен моментот на експлозијата: Погодени најмоќните бродови на Путин

Украинската армија со беспилотни летала ја нападна руската поморска база. Авионот што ја погоди целта е снимен.

Рано утрото во неделата, украинската војска лансираше најмалку 25 беспилотни летала во главниот град на Русија. После тоа, напад со дрон е извршен и врз поморската база во Дагестан.

Украинската армија употреби беспилотни летала за да го таргетира рускиот град Каспијск. Оштетени се најмалку два ракетни брода, а може да бидат оштетени и неколку мали бродови, изјави извор од агенцијата за Киев Индипендент.

Дагестанските власти објавија дека пресретнале напад со дрон над Каспијск, пристанишен град на Каспиското Езеро на околу 1.000 километри од линијата на фронтот.

„Бродови на руската морнарица се стационирани во Каспиското Море“, изјави Андриј Коваленко, шеф на центарот за контрадезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Иако руските власти тврдат дека пресретнале беспилотно летало на небото, се чини дека видеото споделено на социјалните мрежи покажува дека дронот ја погодува целта. Резултатот беше голема експлозија во пристаништето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни