Тиктокерката Каролин сподели магичен момент што го сними сосема случајно во Северна Каролина, но точната локација останува мистерија.
Возеше автомобил и здогледа целосно бел елен среде шума, на кој крзното му свети во зимската средина. Таа подзастана и веднаш го извади телефонот.
@carolynnrs Shared a magical moment with this pretty girl on my way home from work ❤️ #albinodeer ♬ Winter Melody – Jacob’s Piano
Розеви уши и муцка
Според порталот Buck Manager, станува збор за албино елен, а се верува дека овој тип на генетска мутација се случува еднаш во 100.000 случаи.
Животното без меланин, кое Каролин го фотографирала, имало розови уши и муцка и мирно ги набљудувало случувањата околу него.
Во текот на јануари оваа година, во Гринсборо (Северна Каролина) е забележан албино елен, но останува непознато дали се работи за истото животно.
Митови и легенди
Албино елените се појавуваат во многу култури, а обично симболизираат среќа и се сметаат за свети животни, пишува Дејли Меил.
Келтите веруваат дека тие се гласници од друг свет, а митот датира од легендата за кралот Артур, каде бел елен симболизирал дека е време неговите витези да го продолжат својот поход.