Видео од доставувач на храна во Индија стана вирално, а јасно е и зошто. Тој одлучи да ја изврши испораката – на коњ.
Имено, доставувач кој работи за Зомато е снимен како јава коњ низ улиците на Хајдерабад во јужна Индија, а на грбот носи вреќа со храна.
Зошто доставува храна на коњ?
Како што пишува The Guardian, доставувачот го изнервирале долгите редици на бензинските пумпи и сообраќајниот метеж. Исто така, останале без гориво. “Нема бензин за мојот мотор. Три часа чекам ред на бензинската пумпа. Не можев да набавам бензин”, рекол доставувачот.
Today my #Zomato delivery guy came in the horse.
I asked him why is it so, he said it is due to fuel shortage.
pic.twitter.com/Y07ANC5mfz— Prarambhi (@HBPrar) January 3, 2024
Кога видел дека нема да има ништо од горивото, се качил на коњот и така ја доставил храната.
Недостигот на гориво настанал затоа што штрајкувале камионџиите во Хајберленд. Тие штрајкуваат поради предлог-законот на Владата, според кој предизвикување сообраќајна несреќа, а потоа бегство од местото на несреќата ќе се казнува со затворска казна до 10 години. Штрајкот беше прекинат откако владата се согласи на консултации.
A Zomato delivery man went for the delivery on horse as he couldn’t get the fuel for his vehicle. 😀
— Shantanu (@shaandelhite) January 3, 2024
Притисок врз луѓето за испорака
Патем, доставувачите во Индија брзаат низ улиците за да достават храна што е можно побрзо. Некои компании за достава им ветија на клиентите испорака на храна во рок од 10 минути, што беше проследено со бран критики дека луѓето што доставуваат се под притисок поради временската рамка.
Зомато нагласи дека нивните доставувачи не добиваат бонус за навремени испораки и тврдат дека од платата им се одбиваат пари доколку доцни доставата.
