19-годишниот херој Јован Костадинов од Виница денеска беше пречекан од ученици и граѓани во дворот на гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница.
Како што може да се забележи, сите побрзаа да се поздрават, да го гушнат и да му се заблагодарат на Јован за своето срце како планина.
Тие носеа и транспаренти, но и балони посветени за него.
Се работи за момче кое од пожарот во дискотеката во Кочани спасило над 20 лица, а изминативе денови на социјалните мрежи масовно се пишуваше за неговото херојство.