ВИДЕО Страшни снимки од Русија, воз излета од шините – се извлекуваат патниците!

Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините на дел од Северната железница во Република Кома, соопшти Руските железници.

Според локалните медиуми, возот се состоел од 14 вагони, со 232 патници, но за среќа немало жртви.

Според властите на општинскиот округ Инта, несреќата се случила неколку минути откако возот тргнал од железничката станица Инта.

Како што пренесува Телеграмскиот канал „Шот“, шест патници се тешко повредени при превртување на возот, додека спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат од вагонот.

Причината за несреќата засега е непотврдена, како и состојбата на учесниците. Железничкиот сообраќај во регионот во моментов е во прекин.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното