Како и што беше најавено од страна на УХРМ, попладнево Скопје беше зафатено од големо невреме.
Невремето беше обилно, проследено со силни грмежи, наместа и град.
Булеварите низ Скопје се претворени во реки поради надојдената вода.
14:28 Моментална состојба со нестабилноста над Македонија: нестабилно е на повеќе места, вклучувајќи ја и Скопската Котлина. Има интензивен пороен дожд, електрични празнења и краткотрајно силен ветер.
