Снимка од такси на Копаоник ги шокираше сите на социјалните мрежи, а таксистите на ова место како да возат по петтата тарифа која ја нема во ниту еден град. На снимката се гледа дека по 200 метри веќе биле испишани речиси 500 динари.
„Колку брзо куца, што е ова?! Не поминавме ни 200 метри, а веќе е 500 динари. Ова го нема во Белград, ниту во Париз”, се слуша на видеото снимено од група девојки за време на новогодишните празници.
View this post on Instagram
По објавата, имаше лавина коментари од револтирани за бројката, но имаше и такви кои се пошегуваа со овие туристи:
„Изгледа влегол нечесниот во таксиметарот… Да даде Господ вака да му врти струјомерот дома…. 5 тарифи, планинска тарифа…“, ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
