Таткото на Вања попладнево e донесен во Кривичниот суд.
4news.mk го сними доаѓањето, а таткото кон камерите направи ЛАЈК со палците.
Тој беше донесен од полициската станица „Центар“ каде последните 24 часа беше на распит. Се очекува на барање на Скопското Јавно обвинителства да му биде изречена мерка притвор од 48 часа, како и на останатите тројца осомничени во случајов коишто веќе се во притвор.
За инволвираноста на таткото, министерот Оливер Спасовски посочи дека засега само посредни докази укажуваат дека учествувал во некакви насоки кога девојчето ќе излезе само, кога би можеле да го очекуваат за да се изврши тоа кривично дело на грабнување.
„Таткото не може да го осомничиме ниту дека е дел од групата која што после го извршило најтешкото кривично дело, затоа што немаме такви сознанија за тоа. Имаме определени сознанија кои што ни кажуваат дека таткото имал одредена комуникација со лицето, сѐ уште ни е на основи на сомнение. Јас ќе ја задржам и таа структура на пресумпцијата на невиност сѐ уште за да не направам и друг проблем понатаму, со лицето кое што сега не ни е тука, дека двајца од тројцата осомничени, кога го прашале тоа лице, кажал дека овие сознанија ги имал од таткото на девојчето“, рече тој.