Таткото на Ѓорѓи Ѓоргиев, младиот тапанар кој загина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, преку објава на социјалните мрежи повторно реагираше дека, како што наведува, се случуваат кражби од гробното место на неговиот син.
Во својата емотивна порака, тој тврди дека и по погребот не престанале, како што вели, непримерни постапки, при што нагласува дека од гробот на неговото дете се одземаат предмети. Во објавата тој изразува болка и револт, прашувајќи „со какво срце“ некој би постапувал на таков начин.
Таткото испрати и порака до жената која изврши кражба на саксиите од гробот на Ѓорѓи, посакувајќи здравје и живот.
-Да си ми жива и здрава тетке, која ли да си, да ти се живи и здрави децата, вели Драги, таткото на Ѓорѓи во својата објава.
Случајот е објавен на социјалните мрежи и засега се работи за лична реакција на семејството, без официјални информации од надлежните институции.