Дејвид Муир (51), водител на ABC News, е цел на потсмев на социјалните мрежи каде го нарекуваат „патетичен“ и „нарцисоиден“ бидејќи користел штипки за да ја затегне јакната што ја носеле пожарникарите додека известувал од местото на катастрофалните пожари во Лос Анџелес.
„Њујорк пост“ пишува дека Муир го прикажувал огнот опустошениот кварт на Пацифик Палисадес кога камерата покажала што веројатно не сака.
– Како што гледате овде зад мене… – вели Муир свртувајќи се кон остатоците од куќите и во тој момент на задната страна од неговата јакна јасно се гледа дрвена штипка.
Nice Jacket Bro. Glad you look nice and svelte with those clothes line pegs, while our city burns to the ground. @elonmusk pic.twitter.com/bGQ3zvF6lr
— Jack Osbourne (@JackOsbourne) January 9, 2025
Ја закачи за да ја затегне јаката за подобро да му стои.
– Убава јакна, брат. Мило ми е што изгледаш убаво и витко со тие шноли додека нашиот град гори до темел – напиша на социјалната мрежа Икс Џек Озборн, син на хеви метал пејачот Ози Озборн.