ВИДЕО Тензичен протест во Тркање – жителите го блокираа патот, реагираше и градоначалникот

На денешниот протест во кочанско Тркање кој го организираа група граѓани поради катастрофалната состојба во која се наоѓа пазарски пат беше тензично.

Жителите го блокираа патот кој свртува од компанијата Амфенол и во непосредна близина на нивните живеалишта продолжува кон излезот на стариот пат Кочани – Штип.

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски и претставници на општината ги посетија граѓаните.

-Јас на ваков начин нема да дискутирам, ваше право е да протестирате меѓутоа кога ќе разговарате нормално и институционално тогаш ќе го решаваме проблемот, рече Крстевски кој беше вербално нападнат од група жители.

Во најавата за протестот со блокада на патот се вели дека ќе започне од понеделник 12-ти мај и ќе трае секојдневно од 13:45 до 16:15ч и навечер од 21:45 до 23:15ч.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното