Загореното тавче по пржење на секоја домаќинка и претставува проблем, бидејќи знае дека ја чека долготрајно и мачно чистење.
Обично тавчето треба да го оставиме да отстои во топла вода, а кога нечистотијата ќе омекне следува сериозно чистење со помош на жица и сјај.
На овој начин често се гребе тавчето, а се уништуваат и ноктите. Овој трик од интернет ќе ве спаси од маката:
Имено, на инстаграм профилот „Lynsey Queen of Clean“ објавено е видео според кое на тавчето му се враќа сјајот за само 15 минути.
„Кралицата на чистењето“ даде предлог кој на многумина никогаш не би ни паднало на памет, а тоа е да го исчистиме тавчето со помош на кесичка чај.
Таа објаснува дека е доволно нечистото тавче да го потопиме со топла вода, а потоа внатре да се стави кесичката која магично ќе ги отстрани сите нечистотии за само 15 минути.
Потоа, тавчето доволно е да го исперете со вода.