ВИДЕО Целиот интернет зборува за неверството на концерт на Coldplay!

Извршниот директор на „Астроном“, Енди Бајрон, и директорката за човечки ресурси, Кристин Кабот, беа фатени како мамат на концертот на „Колдплеј“ во Бостон, а скандалот беше главна тема на социјалните мрежи, а мемиња ги преплавија сите платформи.

Од преработена верзија на „Врисокот“ од Едвард Мунк во која глуми гореспоменатиот пар, до споредби со разни ликови од ТВ серии, мемињата за Енди и Кристин се насекаде.

Тешко дека би можеле да отворите која било социјална мрежа, а да не видите барем една шега за пар кој бил фатен како изневерува.

„Колдплеј – турнеја за развод“, пишуваше покрај фотографија на која се прегрнуваат вработените во „Астрономер“.

Следеа објави: „Честитки за Coldplay што го собра целиот интернет за еден ден“, „Овој човек тежи 1,2 милијарди долари. Нема повеќе“, „Coldplay ни овозможи еден од најсмешните денови на Твитер“.

Наместо Енди и Кристин, се појавија сцени од сериите „Сопранови“ и „Сексот и градот“, а таму беа и Доналд Трамп и Џефри Епштајн во прегратка.

Тие исто така го користеа текстот од песна на Coldplay во кој се вели: „Погледни ги ѕвездите, погледни како светат за тебе“ и го додадоа на фотографија од неверниот пар.

Да потсетиме дека камерите на концертот на „Колдплеј“ прикажаа сцена на големото платно која на крајот ја разоткри љубовната врска.

Бајрон, кој раководи со софтверската компанија „Астрономер“, седеше до Кабот. Нивната интимност ја забележа Мартин, кој рече: „О, погледнете ги овие двајца“, по што беа прикажани на големото платно.

Само неколку секунди подоцна, Бајрон нагло ги пушти рацете на Кабот и се обиде да се скрие зад оградата, додека таа го покриваше лицето со рацете.

Сцената предизвика смеа кај публиката, а Мартин рече: „Или имаат афера, или се само многу срамежливи“. Видеото брзо беше споделено на социјалните мрежи, а многу гледачи го обвинија Бајрон за неверство. Бајрон е во брак со Меган Кериган Бајрон, со која има две деца.

Кабот, исто така, е наводно во брак.