Маратонци трчаат на ултра маратон во чест на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески.
Тие тргнаа од Нова Градишка, Хрватска, кон Крушево, во рамките на 18. ултра маратон.
По традиција, маратонците ќе бидат пречекани во Крушево со црвени рози, а на Гумење, на вечното почивалиште на големиот музичар и хуманитарец, ќе му оддадат почит.
Тоше Проески, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда, останува инспирација за фановите кои го посетуваат Крушево за да се поклонат на неговото дело.
Тоше трагично загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, на 16 октомври 2007 година, оставајќи неизбришлива трага во музичката сцена и срцата на неговите обожаватели.