Непознато женско лице удрило студентка на улицата Јурија Гагарина во Нов Белград, откако со своето возило влетала во насобраните граѓани.
Полицијата во цивилна облека која беше со учесниците на протестот во Нов Белград ја запре М.С.(25) која се обиде да побегне и ја уапси.
Таа со возилото Цитроен ги удрила обезбедувачите на почетокот на колоната, а потоа продолжила понатаму и така „закачила“ уште неколку од нив.
Incident u ulici Jurija Gagarina!
Devojka teže povređena! pic.twitter.com/4dvmFZclsA— Bora (@BoraKonj) January 24, 2025
Да потсетиме денеска во Србија има генерален штрајк кој студентите во блокадата го најавија претходните денови. Покрај факултетите низ земјава и дел од основните и средните училишта, денеска стопираат и многу фирми, културни установи, угостителски објекти, мали бизниси, организации… Синдикатите во државните претпријатија и градските управи реагираа и на штрајк.
Во градовите ширум Србија денеска се собираат граѓани во знак на поддршка на барањата на студентите.