ВИДЕО: Успеал да преживее 21 ден под урнатините – спасен коњ во Турција

Поминаа дури три недели од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, а денеска од Турција пристигна нова убава вест за спасување на коњ кој успеал да преживее под урнатините цели 21 ден.

Турското Министерство за земјоделство и шумарство објави видео од градот Адијаман на кое коњ е извлечен жив и здрав од урнатините три недели по земјотресот. Со мала помош од спасувачите, коњот сам се качил на цврста земја и веднаш бил однесен на ветеринар. Утврдено е дека нема сериозни повреди.

Веднаш потоа коњот му бил вратен на сопственикот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното