ВИДЕО Влен слави за Чаир: Водиме со над 2.000 гласови, победа во прв круг!

Коалицијата Влен слави за општина Чаир. На терен како што може да се види има и огномет.

Башким Баниу од оваа коалиција порача дека водат со над 2.000 гласови.

„Ги добиваме веќе информациите од локалните штаботи, знаете дека процесот на собирање податоци е малку покомплексен, има повеќе ливчиња. Првичните информации велат дека во Чаир водиме со 2000 гласови предност, а во Сарај над 700 гласови“, порача тој.