Кога австралискиот архитект Бред Шварц купил запуштено студио во Сиднеј, го направил вистински мал рај.
Неговото генијално решение за уредување на просторот ги воодушеви сите.
Тој успеал да смести четири соби на простор од само 24 метри квадратни, а клучот е во лизгачката врата која се наоѓа помеѓу спалната и кујната, а која освен што ги одвојува споменатите соби, ја крие и вратата од тоалетот.
Благодарение на големото огледало, бањата изгледа многу попространа отколку што е.
Погледнете ја неговата идеја.