Емир Селимовиќ, осомничен за убиството на сопругата Инела (37) и неговиот 13-годишен син, утрово е уапсен во атарот на селото Горња Мравица кај Прњавор.
Како што потврдија од полициската управа Бања Лука, тој престојувал во напуштена викендица во шумата во ова село.
Полицијата изјавила дека тој не давал отпор, но дека се обидел да им побегне на припадниците на ПС Прњавор.
У овој кући у селу Горња Мравица је ухапшен Емир Селимовић. pic.twitter.com/yHeZq3Tc2G
— TVK3 (@tv_k3) February 17, 2025
По апсењето тој е приведен во службените простории на полицијата во Прњавор, а се очекува да биде преземен од припадници на МУП на Тузланскиот кантон.
Екипата на ТВК3 од Прњавор останала во ова село и ја снимила викендицата во која се криел осомничениот.
Селимовиќ е осомничен дека пред пет дена ги задавил Инела и детето во стан во Калесија, по што побегнал.
По него претходните денови интензивно се трагаше на овој простор, а утрово по дојава од мештаните конечно беше уапсен.