ВИДЕО Во тек се подготовките за блокада на три моста во Нови Сад, пристигнуваат мотоциклисти, граѓани, ветерани…

Во Нови Сад во тек се подготовките за блокадата на три моста, која почнува денеска во 15 часот, а синоќа свечено беа пречекани учениците кои од Белград дојдоа пеш и на велосипеди.

За Нови Сад патуваат активисти, земјоделци, граѓани и група велосипедисти. Пристигнуваат и голем број мотоциклисти.

Се одржа 15-минутен молк за жртвите од падот на настрешницата. Ветераните од 63-та падобранска дивизија оддадоа панихида на загинатите на Железничката станица во 11:52 часот. Тие положија цвеќе и венци и оддадоа почит со петнаесетминутно молчење.

Почетокот на блокадата на Мостот на Слободата, Жежелевиот мост и Мостот Виножито е во 15 часот, при што во 18 часот ќе се упатат кон Мостот на слободата од другите два моста, каде што ќе ја продолжат дваесет и четиричасовната блокада, која во недела во 15 часот би се продолжила или завршила со граѓански пленум.

Студентите порачаа да нема нереди, да го чистат просторот зад себе, да фотографираат и споделуваат, но да внимаваат на приватноста на другите, како и да ги заштитуваат луѓето околу себе.

Блокадата се одржува точно три месеци по падот на настрешницата на реконструираната Железничка станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица. По тоа, следуваше бран протести предводени од студенти кои ги блокираат факултетите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното