Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека „по завршување на годишнините“, во март на политички митинг во Белград ќе биде претставен програмот за развој на Србија до 2035 година.
На социјалната мрежа TikTok тој рече дека собирот ќе се одржи на 20, 21 или 22 март, пред Народното собрание или на Плоштадот на Републиката.
Исто така, најави дека утре ќе започне акцијата за собирање волонтери за претстојната меѓународна изложба „Експо 2027“.
Претседателот во своето прво едночасовно обраќање на TikTok најави дека во иднина ќе се обидува почесто да користи сличен начин на комуникација и дека ќе се обиде овие „лајвови“ да траат и по два часа.
За време на обраќањето, претседателот коментираше и смешни снимки, навреди за својот изглед, а исто така зборуваше и со Богдан Илиќ, познат на интернет како Baka Prase.
