ВИДЕО Вучиќ правеше сендвичи: „Малку мајонез, сирење, малку шунка“

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше во престилка на својот Инстаграм профил пред митингот на СНС во Сремска Митровица.

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, повторно се најде сред кулинарски активности. Откако испече чварки и палачинки, се фати за правење сендвичи и тоа го објави на својот Инстаграм профил наречен Иднината на Србија.

Илјадници граѓани денеска веќе се на улица, овојпат поради средбата „Да се сретнеме на Сретење“ што се одржува во Крагуевац во организација на студенти, а СНС на Вучиќ ќе одржи контра митинг во Сремска Митровица. Вучиќ пред него објави видео на кое се гледа како во престилка подготвува сендвичи за народот што прогресивците ќе ги донесат на митингот, тврдејќи дека знаат кој плаќа за тоа, алудирајќи на студентите кои беа пречекани од бројни граѓани со огромни количини храна на пат кон Крагуевац.

„Останувам доследен на нашата традиција и решив да направам 20 сендвичи. Тоа ќе биде мојот подарок за луѓето што одат во Митровица. И овде барем знаеме кој плаќа, а кој не плаќа. УСАИД и многу други не плаќаат. Затоа ние навистина немаме гозба, но малку мајонез, сирење, малку шунка, мислиме дека луѓето ќе бидат многу задоволни. Ние сендвичарите имаме многу поважна работа – да ја браниме Србија од оние кои сакаат да ја уништат“, рече Вучиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното