Авион на Southwest Airlines кој летал од Хјустон до Феникс бил одложен во понеделникот откако патничка се соблекла гола и трчала низ кабината цели 25 минути.
На социјалните мрежи се појави снимка од жената која трчаше низ авионот, а патниците беа запрепастени.
По тие 25 минути, откако кабинскиот екипаж сфатил што се случува, авионот бил пренасочен и вратен на аеродромот, по што обезбедувањето влегло внатре и ја привело голата жена.
Таа е пренесена во болница, а по психијатриска евалуација ќе се одлучи дали ќе биде поднесена пријава, пишува Дејли мејл.
„Локалната полиција го пречека авионот на летот 733. Им се извинивме на другите патници за доцнењето, а нашите службеници работеа да ги пренесат до нивната дестинација што е можно побрзо“, соопшти авиокомпанијата.
Останува нејасно што ја поттикнало неименуваната жена да се однесува на овој начин, иако има информации дека таа наводно побарала да излезе од авионот и викала дека е биполарна.
Некои патници тврделе дека таа се обидела да влезе во пилотската кабина пред да дојде обезбедувањето.
„Таа се сврте кон нас и се соблече. Потоа удри по вратата на пилотската кабина. Беше застрашувачко“, рекол еден од патниците.