Зоолошката градина во кинескиот град Тајџоу привлече големо внимание во јавноста откако на социјалните мрежи се појави видео од кучиња со ознаки од тигар.
На видеото се гледаат две кученца чау чау, обоени во портокалова и црна нијанса, како играат во заграден простор. Оваа необична сцена предизвика бројни реакции кај корисниците на Интернет.
Надлежните дадоа објаснување
Еден коментар гласел: „Да не е тоа куче?“, додека друг корисник додаде: „Веројатно не ги капат за да не им се откине бојата“.
Кога локалните медиуми ја контактирале зоолошката градина, официјалните лица рекле дека кучињата биле насликани да изгледаат како „кучиња тигар, а не како тигри“, пренесува Дејли мејл.
@thesun A Chinese zoo caused outrage after it emerged that they had tried to pass off painted dogs as tigers 🤦♂️ #tigers #zoo #funny #china #dogs ♬ original sound – The Sun
Потсетуваме, чау чау е една од најстарите и најретките раси на кучиња, а нивната репродукција е доста напорна, што ги прави скапи миленици.
Од зоолошката градина тврдат дека боењето на кучињата било направено исклучиво за забава и дека тоа на ниту еден начин не го загрозува нивното здравје.
Сепак, ова не е првпат слични инциденти да се случуваат во Кина. Кон крајот на септември 2023 година, зоолошката градина во провинцијата Гуангдонг се најде на удар на критики поради тоа што кучињата чау чау ги средувале и бојадисале за да личат на панди.