Видливоста на скопскиот аеродром во моментов е под 100 метри, на авионот му требаат минимум 550

Последните информации околу слетувањето на авионот на нашите репрезентативци се дека видливоста во моментов е многу помала од онаа која е потребна за на авионот да му биде дозволено да слета на скопскиот аеродром.

Имено, во моментов видливоста е под 100 метри, а на авионот му треба минимум 550, јавува репортерот на ТВ21 од терен.

Моментално авионот се наоаѓа на бугарското воздушно подрачје, и се очекува за 20-30 минути да пристигне во Скопје. Меѓутоа ако не се зголеми видливоста, односно доколку маглата не се крене, тогаш можно е авионот да биде пренасочен кон Приштина.

Инаку претходно авионот на „Визер“ кој требаше од Хамбург да слета во Скопје во 00:45 часот, беше пренасочен во Приштина поради слабата видливост.

.

Извор: ТВ21