Викендов Марс е најблиску до Земјата од 2003 година, може да се гледа со голо око

Брзо се приближува зенитот на актуелната поставеност на Марс, кога тој се мести на спротивната страна од сонцето, појава позната како опозиција. Тогаш црвената планета е на својата најблиска точка до Земјата, но дали времето ќе биде поволно за добро да го погледнете Марс и со голо око?

Појавата ќе трае неколку дена. Марс вчера (27 јули) пристигна на точката наспроти сонцето. Меѓутоа, бидејќи Земјата и Марс имаат елиптични орбити околу сонцето, најблискиот пристап на Марс до Земјата обично се случува или неколку дена пред или по опозицијата. Во овој случај, Марс ќе дојде на 57.589.547 километри од Земјата четири дена по опозицијата, односно во вторник (31 јули) во 9.50 часот. Тогаш на еден светлински зрак ќе му бидат потребни само 3 минути и 12 секунди за да го премине меѓупланетарниот јаз меѓу Земјата и Марс.

Значи имате четири ноќи, од денеска до вторник, за убаво да го изнагледате Марс.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното