Вирална фотографија: Бекам (183 см) помеѓу О’Нил (216 см) и Минг (229 см)

Дејвид Бекам објави фотографија на Инстаграм на која позира со двајца пензионирани НБА центри. Таа брзо стана вирална поради разликата во висината помеѓу поранешниот англиски фудбалер (183 см), Шекил О’Нил (216 см) и Јао Минг (229 см).

Феникс Санс и Бруклин Нетс играа во предсезонски натпревар во Макао, кој заврши со победа на Санс. Девин Букер (пет асистенции, пет украдени топки) и Дилон Брукс постигнаа по 18 поени за Санс, кои победија со 132-127. Кам Томас од Нетс беше најдобар стрелец на натпреварот со 22 поени.

Три спортски великани

Бекам, поранешна ѕвезда на Англија, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, сега е ко-сопственик на Интер Мајами. Јао Минг и Шак некогаш беа доминантни центри во НБА.

Кинескиот кошаркар ја помина целата своја НБА кариера во Хјустон Рокетс, со просек од 19 поени и 9,2 скока по натпревар, а Шак за многумина останува најдоминантниот кошаркар на сите времиња. Трикратен шампион на НБА со ЛА Лејкерс и шампион со Мајами Хит, тој беше незапирлива сила под обрачот откако влезе во лигата во 1992 година. Ја заврши кариерата со 23,7 поени и 10,9 скока по натпревар. Двајцата се во Кошаркарската куќа на славните.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.