Ракометната федерација на Македонија утрово соопшти дека женската репрезентација на Грција го прекинува настапот на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“.
Причината, како што информираат од РФМ, е вирусна инфекција која зафатила дел од грчките ракометарки. Федерацијата им посака брзо закрепнување и изрази благодарност за нивното досегашно учество и придонес кон турнирот.
На турнирот, покрај македонската репрезентација, настапуваат и селекциите на Египет и Тунис.
Читај и ова:
- 1.Македонија непоразена против Белгија – го задржа првото место во групата!
- 2.Сончево време со умерен северен ветер низ земјата
- 3.Го празнуваме Светиот маченик Калистрат
- 4.Дневен хороскоп за петок, 10-ти октомври 2025 година!
- 5.Над 5 лица синоќа се тепале во познат скопски ресторан, полицијата соопшти нови детали