Страшна вест доаѓа од Хрватска.
Младиот талентиран џудист Иван Безиќ е во тешка борба за живот.
Џудо клубот Пујанке од Сплит објави информација која го потресе регионот.
Клубот соопшти дека нивниот член Иван Безиќ (16) се бори за живот. Безиќ е вицешампион на Хрватска, а што се случило објави неговиот татко.
„Молете се за мојот Иван и нека ја почувствува вашата поддршка. Тој е во кома и се бори за живот (вирусот на грип го зафатил срцевиот мускул). Тој е храбар борец и нека ја почувствува поддршката од својот народ. Драги наши, молете се од срце нашиот Иван да излезе победник и од оваа борба!“
Безиќ на 27 јануари во Загреб стана вицешампион на Хрватска во категоријата до 60 килограми. Иван Безиќ, иако и понатаму кадет по минатогодишната бронза, со две победи и пораз во финалето го освои сребрениот медал во сениорската возрасна група.