Визер ја укинува линијата Скопје – Будимпешта!

„Визер“ од 9 март ја укинува линијата Скопје–Будимпешта, без официјално објаснување дали ќе ја врати во октомври. На страницата за резервации веќе не може да се купат карти за главниот град на Унгарија.

Ова е седма укината линија во последната година, по Салцбург, Бремен, Келн, Копенхаген, Стокхолм-Скавста и Луксембург.

Во 2023 година, „Визер“ доби субвенции за летови до Љубљана, Салцбург, Луксембург и Штутгарт, но само линијата Скопје–Љубљана остана активна. На новиот владин оглас за субвенции, компанијата доби поддршка за Лион, Барселона и Штутгарт, со обврска да ги одржува три години.

Новата владина политика субвенционира дестинации наместо авиокомпании, за да се намали зависноста од „Визер“, кој држи 50–60% од македонскиот авиосообраќај. Компанијата има четири „А320“ авиони во Скопје, еден помалку од претходно, што укажува на постепено намалување на капацитетот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното