Центар за управување со кризи: Состојба со пожарите на отворен простор до 18:00 часот
На ден 02.08.2026 година, до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои 2 се активни, а 19 се изгаснати.
Активни пожари:
Општина Крива Паланка: с. Градец (ниска вегетација);
Општина Долнени: селата Браилово и Десово (ниска вегетација).
Изгаснати пожари:
Општина Кисела Вода: Гробишта Драчево (ниска вегетација);
Општина Гази Баба: Кванташки пазар (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Гази Баба: с. Страчинци (ниска вегетација);
Општина Гази Баба: с. Јурумлери – пат кон Долно Лисиче (депонија);
Општина Гази Баба: Гробишта Камник (ниска вегетација);
Општина Студеничани: патот кон с. Цветово (ѓубре);
Општина Бутел: Визбегово (депонија);
Општина Карпош: кејот на реката Вардар (ниска вегетација);
Општина Ранковце: с. Опила (ниска вегетација);
Општина Брвеница: с. Брвеница (ниска вегетација);
Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);
Општина Битола: м.в. Бурки – Долно Егри (стрништа и нискостеблеста вегетација);
Општина Крушево: селата Норово и Алданци (ниска вегетација и стрниште);
Општина Струга: с. Јабланица (ниска вегетација);
Општина Струга: с. Долно Татеши (нискостеблеста деградирана шума);
Општина Кичево: с. Србица (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: помеѓу селата Слатина и Грешница (нискостеблеста деградирана шума и ниска вегетација);
Општина Чешиново-Облешево: с. Уларци (дива депонија);
Општина Виница: градот Виница (ниска вегетација и отпад).