Совршен избор за вечера…
Потребни состојки за 6 лица:
- 150 милилитри млеко
- 1,5 лажица брашно
- 400 грама чедар кашкавал
- 160 грама презла
- 1 лажица сенф
- 120 милилитри темно пиво
- 2 жолчки од јајца
- 4 млади кромитчиња
- 6 парчиња леб за тост
Начин на подготовка:
Загрејте го млекото, па потоа додајте во него брашно и мешајте сè додека не зоврие. Кога ќе почне да зоврива, намалете ја температурата со цел млекото малку да се згусне. Додајте го кашкавалот и мешајте на ниска температура сè додека не се стопи целосно, а потоа додајте ги и презлата, сенфот и темното пиво. Мешајте додека смесата не се соедини целосно.
Тргнете го тенџерето од оган и оставете го малку да се олади. Откако ќе се олади додадете ги жолчките и добро промешајте, а потоа додадете го и кромидот. Сипете ја смесата на лепчињата и потоа ставете ги во рерна да се загреат. Печете сè додека не поруменат и не добијат златно-кафеава боја. По желба, можете да печете со претходно подготвени печурки.