Од Владата во соопштение до јавноста велат дека на денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми, каде минималната плата за 2025 година ќе бележи пораст од 2,685 денари во бруто износ, односно 1,812 денари во нето износ.
Владата континуирано продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните преку стабилен раст на економијата..
Исто така на денешната седница на Владата, се усвоија предлозите за измени и дополнувања на седум закони кои се во надлежност на Министерството за транспорт.