Македонија

Владиката Петар: „Невакцинираните лица нема да влезат во царството небесно“

-Не сакам да ме разберете погрешно, но ако јас не се вакцинирам, а дојде до смртен случај, тогаш јас сум потенцијален, па дури и вистински самоубиец. А вие добро знаете дека на самоубијците не им е дозволено да влезат во Царството небесно. Јас го прележав ковидот и сега зборувам како човек кој ја искусил болеста. Јас бев во тешка здравствена состојба и само јас си знам како ми беше, истакна владиката Петар.

Нашата црква не е против оние што не сакаат да се вакцинираат од оправдани здравствени причини, но ние сме за тоа дека секој треба да се имунизира, оти вирусот може да му го искомпликува здравјето и животот, рече митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во синоќешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни