Свет

Владимир Путин најави делумна воена мобилизација во Русија

Владимир Путин најави делумна воена мобилизација во Русија

Владимир Путин го имаше своето прво обраќање до нацијата по руската инвазија на Украина. Тој најави дека ќе започне делумна воена мобилизација.

„Русија мора да ги преземе неопходните чекори за да го заштити својот суверенитет“, рече Путин во обраќањето, велејќи дека станало јасно дека Западот не сака мир меѓу Русија и Украина.

„Западот сака да ја уништи Русија, ние зборуваме за заштита на територии и Русија“, додаде тој. „Целите на воените операции остануваат исти.

Обраќањето до нацијата требаше да се одржи синоќа, но беше одложено за утрово. Изворите тврдат дека рускиот лидер чекал да се разбуди Западот.

Путин рече дека ќе им даде правен статус на „доброволците“ кои се борат во Донбас, додавајќи дека „мора да се донесе итна одлука за заштита на нашиот народ во ослободените земји“.

„Затоа побарав од Министерството за одбрана да се согласи на „делумна мобилизација“, рече рускиот лидер. Тој рече дека декретот е веќе потпишан и ќе стапи на сила денеска.

Владимир Путин рече дека сите граѓани кои ќе бидат мобилизирани ќе имаат целосен статус на вооружените сили.

Според неговите зборови, Западот ја уценувал Русија, но Русија има многу оружје со кое може да одговори. „Ќе ги искористиме сите ресурси што ни се на располагање за да го заштитиме нашиот народ“, рече тој.

Сметам на вашата поддршка“, го заврши својот говор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни