Лозано неодамна сними нова песна со наслов „Жолто црвено“, за која вели дека е напишана според вистинска животна приказна.
„На една од моите турнеи минатата година се запознав со еден нашинец, кој во неврзан разговор ми ја раскажа неговата животна приказна. Во тој момент не ѝ дадов многу на значење, но по некое време почнав сè повеќе да размислувам за создавање песна инспирирана од тој краток разговор. Со авторите Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска-Ена долго работевме на овој проект, свесно не сакавме да брзаме, за да може и ние лично да се вклучиме во самата приказна“, кажа пејачот.