Коалицијата ВЛЕН со нова реакција упати остри критики кон ДУИ, оценувајќи ја како „минато кое го излажало народот“, и се претстави себеси како „европска иднина со конкретни резултати“. Во изјавата, ВЛЕН вели дека речиси една година по преземањето на власта, успеале да демонстрираат дека носат реформи, стабилност и институционален напредок, наспроти – како што велат – децениската злоупотреба на ДУИ.
„Законот за употреба на јазиците не само што не е укинат, туку е посигурен од кога било. Коридорот 8 продолжува без корупциски афери, а Албанците се рамноправни и активни чинители во институциите“, велат од ВЛЕН, обвинувајќи дека ДУИ продолжува да шири „лажи, страв и пропаганда“, од позиција на очајна опозиција.
„Нашата борба е за вистина, правда и институции што им служат на граѓаните – а не на семејни кланови и лични интереси“, додаваат од коалицијата.
Со порака дека „граѓаните веќе препознаваат“, ВЛЕН го заокружува ставот: „Минатото е ДУИ, сегашноста и иднината е ВЛЕН“.