Од ВМРО-ДПМНЕ се јавија со реакција на интервјуто на премиерот Димитар Ковачевски за Гласот на Америка.
„Дезертерот Ковачевски не треба да манипулира со јавноста. ВМРО-ДПМНЕ е за заштита на државните интереси, а против предавствата на дезертерот Ковачевски и неговиот ментор Заев. Ковачевски има проблем со поимањето што е државен интерес. Не е државен интерес да смениш име, да потпишеш капитулација со Бугарија, а тоа да го преставуваш за врвен дострел. Но државен интерес е да ја внесе државата во ЕУ со заштитен идентитет, да има нормални односи со соседите, да се промовира македонскиот идентитет, работи кои не ги прави дезертерот Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, дезертерот Ковачевски треба да се фокусира кон економијата која пропаѓа, кризата со струја која се продлабочува и да се заштити народот од инфлацијата која галопира.
„Тоа треба да го прави дезертерот Ковачевски. Впрочем што друго се очекува од човекот кој лажел и се пишал за неспособен само да не оди во војска“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.