ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си земе нови советници, го држат во мрак!

Од ВМРО-ДПМНЕ вечерва се јавија со реакција по повод изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче за ТВ21.

Како што велат, или Венко Филипче со сила глуми неимформиран или свесно шири лаги, или неговите советници го држат во мрак.

„Што и да е од наведените 3 работи, повеќе од сигурно е дека Венко Филипче треба да си земе нови советници зошто не виделе дека вчера премиерот одговори за Додик, ниту пак го информирале дека ова не е 20 век, па граѓаните вчерашните вести да ги читаат утре. Сега е ера на електронски медиуми, социјални мрежи и телевизии, кога информациите се движат бргу и навремено.

Жално е како СДС не само што е назад во времето, туку очигледно е и назад во размислувањето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното