ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи – СДСМ: Филипче нема никакви инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска бараат лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче да каже со која болница преговарал за да добие златна виза за Дубаи.

„Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции. Филипче 3 месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови. Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче како чирак и ученик на Заев, продолжува по неговите стапки. Ем лаже, ем манипулира, ем златна виза за Дубаи. Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи? Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал. Филипче, Заев и СДС се синоним за неспособност, криминал и предавство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Веднаш реагираа од СДСМ каде велат дека ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.

„Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот. ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година“, вели СДСМ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното