Во врска со објавите на социјалните мрежи, за директорот на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува одлуката да биде разрешен од функцијата.
„Немаме сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури.
Извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности.
Нашата заложба е правилата и законите да важат за сите подеднакво и управувањето на институциите мора да биде во согласност со вредносниот систем на одговорност за кој се залагаме и ќе продолжиме да се бориме“.
Попладнево на социјалните медиуми се појави видео снимка на која се гледа дека директорот консумира дрога.
Читај и ова:
- 1.Силен земјотрес од 6,7 степени го погоди островот Минданао на Филипини
- 2.Меџити до Османи: Избери го местото, медиумот, сам или заедно со Ахмети, Груби, со твојот тим што го имаш, каде што сакаш, таму ќе дојдам!
- 3.Маж од 272 килограми извлечен од дома со кран – спасувачите срушија и ѕид!
- 4.Во врска со вооружениот напад врз доктор Шахини е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице
- 5.Се претставил како лекар и ја известил дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода: Битолчанка измамена за 27.000 евра!