ВМРО-ДПМНЕ: Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец не се сами

Катица Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец, единствените осомничени за „Рекет“не се сами и не можат да изнудат ни 20 евра, а не пак 20  милиони евра доколку ја немаат поддршката од Заев, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Рускоска срамно ја затвори истрагата само со овие осомничени и со сите нејзини дејствија само ги штитела сите оние ки во јавноста се споменуваат Фрики, Кики, Раки… Постојат индиции дека се пазарат и со некои од обвинетите да не ја откриваат целата мрежа, вели Димче Арсовски,потпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Во однос на сведочењето на Верушевски, од опозициската партија велат дека со години наназад предупредувале дека Заев е подготвен на се само да дојде на власт, а овој свеодк тоа го потврдува. 

Катерина Нешкова

 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното