ВМРО-ДПМНЕ ќе собира потписи за укинување на договорот со Бугарија, од СДСМ велат дека Мицкоски е против ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ од понеделник ќе започне да собира 150 илјади поптиси за да се укине договорот со Бугарија поптишан во 2017 година.

„Ние 2017 година го критикувавме Договорот за добрососедство. Исто и дел од јавноста не беше свесна. Сега штетните последици стапуваат на сила и ќе продолжат во иднина. Јавноста е зрела за овој договор да биде ставен на тест и истиот да биде прекинат, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер, Антонио Милошоски околу одлуката за обирање потписи за задолжителен референдум за поништување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ одговорија дека референдумот е против Европската унија, против македонскиот јазик и идентитет и дека нема да успее. Откако пропаднаа сите обиди на Мицкоски за дестабилизација на државата, Мицкоски измислува нови форми за нови блокади изјави Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.

„Оваа иницијатива на Мицкоски е референдум против членството во Европската унија, против македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Иницијативата е за негова внатрешна употреба која нема поддршка од граѓаните нема поддршка од опозициските партии и нема да успее. Иако Договорот е ратификуван пред четири години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Дарко Каевски од СДСМ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното